Kон крајот на неделата ќе одлучиме дали ќе се интервенира во делот на цените, вели Бектеши

Бектеши, говорејќи во емисијата 24 анализа, рече дека денеска официјално ги добил сите податоци од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и утре ќе одржи координативен состанок.

Од почетокот на кризата со цените на дневна основа заедно со Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции, секторот за трговија во Министерството за економија ги следи и цените и ситуацијата, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

„Ќе ги разгледаме сите податоци. Во четврток ќе имаме состаноци со Стопанските комори и секторски со трговците на големо и со трговци на мало, и со производители на основни прехранбени производи и кон крајот на неделата ќе одлучиме согласно сите податоци,“ изјави Бектеши.

Доколку, посочи тој, се покаже дека има манипулации од одредени трговци и самите не ги вратат цените согласно некоја нормална маржа на добивка, тогаш, нагласи тој, државата ќе интервенира за тие да не бидат на грбот на граѓаните.
Влијание, Бектеши рече, дека државата има само за домашните производи, за кои се следат и влезните цени на суровините и производствените цени, додека за увозните производи не може да се влијае, освен во делот на давачките, каде државата целосно се откажа од тие придонеси.

„Чекаме да се усвои ребалансот на Буџетот, каде се предвидени средства за креирање на нови мерки, се со цел да го ублажиме притисокот и да им излеземе во пресрет на граѓаните, посебно на тие категории, кои имаат најголема потреба,“ изјави Бектеши.

Од 31 мај, Бектеши рече, дека во делот на ограничување на цените и маржите, нема мерки, бидејќи заедно со Стопанските комори било одлучено тоа да биде оставено на пазарот слободно да ги утврди.

„Но, ако се здружат одредени трговци и производители за пазарно функционирање и уредување на цените, ние секако ќе го донесеме тие мерки, кои и не се многу популарни, во делот на ограничување на цените и маржите, изјави Бектеши. 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе