Компанијата „Певец“ продава земјиште во Македонија

Друштвото Певец интернационалl ДООЕЛ експорт-импорт објавува повик за доставување на писмо за намера за купување на недвижности што се наоѓаат во Република Македонија.

1.  Катастарска општина Кисела Вода 2 (Аеродром), ИЛ 43021, вкупна површина 41.013 м2; катастарски парцели 2623/2 од 16.239 м2 и 2623/3 од 24.774 м2;

2.  Катастарска општина Кесела Вода 2 (Аерпдрпм), ИЛ 46557, вкупна површина 37.726 м2; катастарски парцели 1692/2 од 30.997 м2, 1692/14 од 4.921 м2, 1692/15 од 1 м2, 1692/16 од 674 м2 и 1692/25 од 1.133 м2.

Повикот е упатен само до инвеститорите (друштва, занаетчии...), а не до агенциите за недвижности или агентите за продажба на недвижности. Писмо за намера не се смета за обврзувачка понуда.

Писмото за намера треба да вклучува следите податоци и документи: скратен назив на фирма / име и презиме, назив на занает, седиште, деловна адреса, ЕМБС, тековна состојба од Централен регистар или друг регистар за трговски друштва, доказ за исполнување на сите со закон препишани барања за стекнување на правото на сопственост (за странци), понуда за купување над наведените недвижности со наведената понудена купопродажна цена.

Писмата за намера доставете ги на: ivana.bracun@pevec.hr. Писмата за намера можат да се достават најдоцна до 20 дена од денот на објавувањето на овој повик. Певец интернационал го задржува правото да не избере ниту еден понудувач без објаснување на таквата одлука. За повеќе информации побарајте +385 1551 0914 од 8,30 до 16,30.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе