Компанијата „дм дрогерие маркт“ донираше концентратори за кислород за велешката болница

Со цел да придонесе во борбата против ковид-19 компанијата „дм дрогерие маркт“ донираше два концентратори за кислород со капацитет од 10 л за Општата болница Велес.

Од почетокот на пандемијата компанијата ДМ дрогерие маркт активно придонесува во борбата против корона вирусот, за што говорат бројните активности кои компанијата ги спроведе изминатата година. Имено, од самиот почеток на пандемијата компанијата дм дрогерие маркт донираше производи за дезинфекција и лична хигиена во вредност од 2.000 евра во националното Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ). Неодамна, компанијата донираше и два респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра во Министерството за Здравство на Република С. Македонија, кое, согласно потребите на здравствените институции во земјата, донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница - Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница Битола.

„Социјалниот ангажман и одговорноста кон заедницата се секогаш на врвот на приоритети на нашата компанија, а во моменти кога како општество сме соочени со можеби најголемиот предизвик на денешницата - глобалната пандемија, навистина е неопходна сечија солидарност, со цел да излеземе како победници од оваа битка“ , велат од компанијата.

Покрај бројните заложби за општествена одговорност во овој предизвикувачки период, компанијата уште еднаш на дело го потврди принципот дека компанијата постои поради луѓето, а не обратно. Имено, покрај 14 редовни плати во текот на годината, во деловната 2019/20 година на сите вработени во компанијата им беше исплатен вонреден бонус во износ од 9.000 денари. На овој начин, најголемиот дрогериски ланец во Европа дополнително вложи повеќе од 2.1 милион денари за поддршка на своите вработени во време на кризата предизвикана од светската пандемија на ковид-19.

 

 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе