Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, вели Азески

Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквите неизвесности се смрт за инвестициските активности и за нивниот развој, смета претседателот на Стопанската комора и копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески.

Тој ваквиот став го соопшти на Бизнис форумот во Копаоник, во рамки на 10. панел насловен „Регионалната соработка како предуслов за одржлив раст“.

Азески укажа дека пред регионалното економско обединување сѐ уште има многу неодговорени прашања и дилеми на кои земјите од Западен Балкан треба да работат.

За да се примени концептот „Отворен Балкан“, порача Азески, неопходно е секој да го прифати како свој, а не како наметнат.

Колку заостануваме зад другите, што подразбираме под регионална соработка, дали различните статуси што ги имаат државите на Западен Балкан можат да ги попречуваат процесите (СТО, НАТО, ЕУ), каква е улогата на државите во однос на заедничката инфраструктура, заедничкото железничко поврзување, заедничкото снабдување со гас, која е крајната цел – дали создавање некаква царинска унија, дали за странските директни инвестиции ќе изградиме заедничка политика и дали некој ни пречи на тој пат како бизнис, се само некои од отворените прашања, кои, според Азески, го оптоваруваат регионалното економско обединување.

„Ако на овие отворени прашања, за кои сѐ уште постои потреба од дебати, разговори, усогласување ставови и политики меѓу државите, им се додадат и економските случувања во светот (пандемијата која резултираше со економска, финансиска и енергетската криза), како и последните случувања во Украина за чиј исход засега никој не го знае одговорот), влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквите неизвесности се смрт за инвестициските активности и за нивниот развој“, порача претседателот на Комората.

Четири дена на балканскиот Давос, организиран од Алијансата на економисти на Србија, под директно водство на претседателот на Српското здружение на економисти, Александар Влаховиќ, под слоганот „Србија 2030: агенда за одржлив развој", се реализираат вкупно 33 панели со 200 панелисти и со осум пленарни говори, на кои ќе се дебатира за тековни и стратешки теми битни за економскиот развој на Западен Балкан и за поствизијата на новата нормалност.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе