Компаниите од ТИРЗ и индустриските зелени зони со предлози за унапредување на бизнис климата

Компаниите кои работат во Технолошко индустриските развојни зони, и во индустриските зелени зони доставија барања и предлог решенија за подобрување на условите за водење бизнис во земјава на работна средба со pретседателот на Владата Зоран Заев, вицепремиерот Kочо Анѓушев и директорите на УЈП и Царинската управа Сања Лукаревска и Ѓоко Танасоски одржана денеска во Стопанскатa комора на Македонија.

Како што нагласи Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, согласно спроведената анкета помеѓу компаниите-членки изготвен е интегрален документ кој ги содржи клучните приоритети и предлог-мерки дефинирани согласно истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на позитивни деловни практики и компаративни искуства во областа, со кои сметаат дека нивната работа ќе биде поефикасна, а воедно ќе се поедностават одредени административни процедури.

Покренати се иницијативи и сет на приоритети на економските политики, од перспектива на странските инвеститори, но дополнително испорачани се предлози за олеснување на работењето во специфични области (даночна и царинска политика, работни односи, образовен систем, работна сила, државна помош и друго), со цел да се стимулира подинамично инвестирање на странскиот капитал во земјата, проширување на постоечките капацитети и дополнителни работни места, потенцира Мизо.

Овие иницијативи се особено важни за работата на самите компании, но од нив произлегуваат и измени на легислативата со која се унапредуваат бизнис условите за сите странски компании без разлика на дали се лоцирани во или надвор од слободните економски зони. Toa e показател дека странските компании водат грижа за подобрување на бизнис-климата во земјава и нивната долгорочна цел е да останат во државата и да отвораат нови работни места, но воедно и ќе ја олеснат одлуката на други странски компании да дојдат во Македонија согледувајќи ги искуствата на своите колеги кои досега инвестирале во земјава.

Премиерот Заев ја поздрави иницијативата на претставниците на странските компании, истакнувајќи дека со дел од нив се среќава и во други прилики и истакна дека Владата е одлучна и посветена да го продолжи ваквиот начин на систематизиран пристап, којшто е од голема помош за изнаоѓање на флексибилни решенија и се изнесуваат можностите кои државата ги презема со цел да излезе во пресрет на компаниите.

„Од висок државен интерес е вашата успешност, вашата профитабилност, со што ги потврдувате нашите надежи дека ќе го проширувате производството и ќе продолжите да бидете и во иднина, најголемиот мотиватор за привлекување на странски инвестиции во државата“, рече премиерот Заев, подвлекувајќи дека успешните резултати на компаниите помагаат за зголемување на Бруто домашниот производ (БДП) и интересите се заеднички и со единствена цел уште поголемо подобрување на економските параметри и подигнување на животниот стандард на граѓаните.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата останува отворена да ги слушне потребите на компаниите и дека ќе води постојан дијалог со сите компании, со странски, но и со домашен капитал, во интерес на економскиот развој на државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните.

„За постигнување на повисоки стапки на економски раст, Владата е фокусирана на поддршка на индустријата, градежништвото, земјоделството и раст на трговијата како придружна гранка на претходните три. Со оглед на тоа што како држава не располагаме со природни ресурси како нафта и гас, а туризмот е гранка која има релативно ограничен потенцијал на раст, Владата е насочена на силна поддршка на индустријата и креирање на подобри услови за водење на бизнис во државата и преку креирање на квалитетна легислатива, но и со изградба на квалитетна инфраструктура“, потенцираше Анѓушев.

Како што истакна д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, посветеното работење на привлекувањето нови странски инвеститори и на одржувањето на контакти со постојните инвеститори, но и на поттикнувањето на домашните компании да се вклучат во синџирот на набавки на мултинационалните компании треба да продолжи и во иднина, верувајќи дека ваквите средби се добра можност за размена на мислења и ставови коишто ќе прераснат во платформа за постојан канал на комуникација со Владата и дека ќе се воспостави систем за одржување на редовни консултации на квартално ниво, на којшто компаниите членки ќе можат да укажат на сите недоследности, неусогласености и нелогичности на постојната регулатива, а Владата да ја преземе обврската да ги разгледа и да се произнесе за укажувањата на бизнисмените.

Во моментов во Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство земаат учество 22 странски компании од технолошко-индустриските развојни зони и од индустриските зелени зони од целата држава. Компаниите-членки на оваа Асоцијација во 2018 година вработуваат околу 20 илјади вработени со остварени годишни приходи од над 2,5 милијарди евра.

Овие странски компании имаат особено големо влијание во целокупниот економски раст на земјата преку креирање на нови и добро платени работни места, пораст на продуктивноста на работната сила, пристап до нови технологии и знаења, развој и усвојување на современи менаџерски вештини, финансиска стабилност и општа благосостојба во општеството.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе