Стопанска комора на Македонија

Прехранбените компании ги прилагодуваат производството и доставата

Домашните компании од прехранбениот сектор, поради состојбата со вирусот корона, размислуваат да ги прилагодат своето производство и достава со цел редовно снабдување на трговските ланци со прехранбени производи.

Како што информираат од Стопанската комора на Македонија, за ова особено се размислува ако дојде до целосно затворање на земјите од кои увезуваме суровини, како што е Италија.

„Домашните производители на прехранбени производи се во активна меѓусебна комуникација и ги преземаат сите мерки за превенција од корона вирусот за безбедно производство и дистрибуција на производите и услугите кои ги нудат, според насоките дадени од Министерство за здравство. Една од мерките која беше преземена уште на стартот, е формирањето дезобариери на влезот во сите компании низ кои минуваат возила за превоз на луѓе и дистрибуција на производи“, информира Комората.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе