Фонд за иновации и технолошки развој

Компаниите надвор од Скопје да аплицираат за грантовите на Фондот за иновации

Повикот за кофинансирачки грантови за комерцијализација и иновации на Фондот за иновации и технолошки развој по презентациите во Скопје денеска беше претставен пред компании од тетовскиот регион.

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика фирмите да аплицираат на овој втор повик земајќи го предвид позитивното искуство од минатата година кога преку овој повик фирмите креирале нови продукти, а истовремено го зголемиле и вработувањето.

„Компаниите што добија грантови минатата година даваа натпросечната плата, посебно за младите и ќе продолжиме во оваа насока со цел да го зголемиме стандардот на живеење во државата. Исто така ќе даваме можност претријатијата да ги претворат нивните идеи во реалност и на таков начин да креираме компании кои ќе бидат одржливи и ќе отворат нови пазари“, рече Бектеши.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски посочи дека Тетово е еден од трите урбани центри надвор од Скопје каде Фондот започнува да дава децентрализирани сервиси.

„Што значи дека како отворена државна институција настојуваме услугите и можности кои што постојат и кои ги развиваме како програми што ги финансира Владата да ги приближиме до младите и компаните од полошкиот регион. целта на денешниот настан е да ги мотивираме компаниите да ги разгледаат понудите на тековниот повик за кофинансирани грантови и да ги поттикнеме да аплицираат. Новина е техничката помош, во која насока да се подготват апликациите. Повикот веќе трае три недели се до 15 мај. Веќе има 1000 субјекти кои повлекле апликациони формулари“, изјави Деспотовски.

Според Дрилон Исени од Стопанската комора на Северозападна Македонија, финансиската помош за фирмите е важен чекор кон унапредување на економијата.

„Подобрениот пристап до финансии претставува една од стратешките определби и затоа сме тука да ги презентираме можностите шти ги нуди ФИТР пред нашите фирми, да го презентираме повикот за комерцијализација и која е постапката до тие средства. Се надеваме дека ќе има позитивен исход на следните повици“, рече Исен.

Фондацијата за поддршка на претријатија ЕСА од Тетово ќе биде местото каде тетовските фирми ќе може да се обратат за помош околу апликациите за ФИТР.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе