Регулаторна комисија

Компаниите Мист енерџи и У повер ќе останат без лиценци за снабдување на електрична енергија

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) отпочна со постапки за одземање на лиценци на двајца снабдувачи на електрична енергија, друштвото за производство, трговија и услуги Мист енерџи ДООЕЛ Скопје  и друштвото за трговија со електрична енергија У повер ДОО експорт-импорт Скопје, соопштија од Комисијата. 

Главната причина за отпочнување на постапката, како што велат од РКЕ, е тоа што снабдувачите не ги обезбедиле навреме и во целост количините на електрична енергија за кои имаат склучено договори со потрошувачите и нe постапиле во целост по претходно донесените.

За снабдувачот со електрична енергија Енергија гас енд пауер ДООЕЛ Скопје, РКЕ донесе одлука за преземање на мерки со што практично снабдувачот треба да достави докази дека ја има обезбедено потребната количина на електрична енергија за потрошувачите.

„Мист енерџи и У повер не купиле електрична енергија навреме и сега кога цените на берзите се зголемија, количините кои им недостигаат ги надополнувале од резервите на МЕПСО кои се наменети за балансирање на електроенергетскиот систем. МЕПСО ја алармираше РКЕ дека е евидентирано неоправдано зголемено ангажирање на електричната енергија која се користи за исклучителни ситуации. Дополнително оваа електрична енергија што снабдувачите ја користеле од механизмот за балансирање е поевтина од берзанската цена, со што ја нарушуваат конкуренцијата и ја загрозуваат стабилноста на електроенергетскиот систем. РКЕ ја следи состојбата во континуитет и пред еден месец побара од овие снабдувачи да доставуваат (докази дека имаат обезбедено електрична енергија) номинации согласно потребите на своите потрошувачи,  но до истекот на рокот не постапија и затоа отпочнуваме со постапка за одземање на лиценци“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Исто така, РКЕ донесе одлуки со кои им налага на снабдувачите Соларопро Холдинг ДООЕЛ, Вангард ДОО Скопје и Енерџи акитиве увоз-извоз ДООЕЛ Скопје  точно и целосно да ги информираат потрошувачите за нивните права и обврски.

„Регистриравме половично информирање и обиди за манипулација од страна на снабдувачите кон потрошувачите. Па така, дел од снабдувачите почнале да ги раскинуваат договорите со домашните компании, министерства, јавни претпријатија и други установи пред време и се обиделе да им фактурираат по нови цени”, додава Бислимоски.

За последните донесени  одлуки и отворени постапки, како што најавува РКЕ ќе ја информира Комисијата за заштита на конкуренција.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе