По барањето за оставка

Kомората за туризам во одбрана на директорот на Агенцијата за туризам

Да не се заборави дека по иницијатива на првиот човек на Агенцијата за туризам на почетокот од корона кризата беше формирано Координативно тело за справување со последиците по туризмот, велат од Стопанската комора за туризам по барањата за негова оставка и нагласуваат дека сега не е време за остварување на лични амбиции.

Стопанската комора за туризам на Македонија реагира на повикот од одредени здруженија и асоцијации со кој се бара оставка од првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, оценувајќи го како непотребен и претенциозен.

„Да не заборавиме дека по иницијатива на Љупчо Јаневски во најтешките моменти од кризата на 27 февруари годинава беше формирано Координативно тело за справување со последиците од здравствената криза во туризмот и угостителството каде беа повикани со свои претставници да партиципираат сите засегнати страни. Преку тоа Координативно тело беа остварени голем број предлог-мерки во состав на трите претходни владини пакет мерки", наведува Комората.

Во очекување на реализација на четвртиот пакет економски мерки од страна на Владата реалниот сектор заеднички треба да ја насочи енергијата кон побрзо остварување и изнаоѓање нови пристапи за нови видови соработка во оваа глобална ограниченост на делување, велат од оваа Комора и додаваат дека во овие моменти е потребна соработка базирана врз постулатите на солидарност и професионализам, а не на лични амбиции.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе