Комерцијална банка во еко акција: „Чиста навикa“ за почист Градски парк

Повеќе од 150 вработени на Комерцијална банка денеска ги засукаа ракавите и заедно со извидниците од Прв скопски извиднички одред го исчистија Градскиот парк во Скопје. Втората по ред еко акција на Комерцијална банка, под мотото „Чиста навика“, резултираше со собрани над 60 вреќи отпад.

Волонтерите од Комерцијална банка со оваа еко акција повторно ги покажаа своите здрави навики и придонесоа нашиот омилен простор, паркот и кејот на Вардар, да станат најдобро место за одмор и рекреација. И најчисто! Вработените со својот тимски дух потврдија дека мал труд, а голем ентузијазам е потребен за да имаме место за живеење со кое сите ќе се гордееме.

И годинава, еко акцијата на Комерцијална банка беше поддржана од Пакомак и од град Скопје. „Чиста навика“, која е дел од стратегијата за општествена одговорност на банката, има за цел да ја подигне свеста за потребата од здрава и чиста средина, соопштуваат од банката.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе