Реакција на соопштението на Оштетени штедачи

Комерцијална банка: „Правда за штедачи“ изнесе погрешни заклучоци за Еуростандард банка

Комерцијална банка АД Скопје реагира во врска со изнесени, како што се наведува, погрешни информации и заклучоци од страна на Здружението на оштетени штедачи „Правда за штедачи" за докапитализацијата на Еуростандард банка. Во соопштението се вели дека за докапитализацијата на Еуростандард банка во 2019 година, на барање на Трифун Костовски и без никакво посредништво на Народната банка, Комерцијална банка ѝ одобри кредит во износ од 10 милиони евра на неговата фирма Гофи, кој беше обезбеден со приходи од идна продажба на Еуролинк осигурување.

„Впрочем, ова беше објавено и како ценовно чувствителна информација од Комерцијална банка на Македонската берза. По продажбата на осигурителната компанија, кредитот на Комерцијална банка ѝ беше уредно вратен. Во документацијата на Еуростандард банка (во стечај), Здружението на штедачите точно може да види дека залогот на Еуростандард во Комерцијална банка од 3 милиони евра нема никаква поврзаност со докапитализацијата“, се вели во соопштението.

Од Комерцијална банка додаваат дека врз основа на погрешни и невистинити информации за извршената докапитализација на Еуростандард банка во 2019 година Здружението на оштетени штедачи „Правда за штедачи“ доаѓа до „погрешни заклучоци и во повеќе наврати, веруваме несвесно и ненамерно, ја дезинформира јавноста“.

„Доколку сакаат да бидат на страната на вистината, во документацијата за работењето на Еуростандард банка (во стечај), до која очигледно имаат пристап и на која многу често се повикуваат во своите тврдења, Здружението може да види како и во колку наврати Комерцијална банка излегла во пресрет на потребите на Еуростандард банка со цел да ѝ помогне на банката да го избегне најлошото сценарио.                                                                                                      За докапитализацијата на Еуростандард банка во 2019 година, на барање на г-динот Трифун Костовски и без никакво посредништво на НБРСМ, Комерцијална банка ѝ одобри кредит во износ од 10 милиони евра на неговата фирма Гофи, а како залог беа ставени 3.200 акции од Еуролинк осигурување, односно беше обезбеден со приходи од идна продажба на осигурителната компанија. Впрочем, ова беше објавено и како ценовно чувствителна информација од Комерцијална банка на Македонската берза. По продажбата на Еуролинк осигурување, кредитот на Комерцијална банка ѝ беше уредно вратен. Всушност, со овие средства од Комерцијална банка и со барањето на НБРСМ за зголемување на капиталот сега, во крајна линија, оштетените штедачи на Еуростандард банка имаат поголема основица од која можат да ги наплаќаат своите побарувања. Факт е дека Комерцијална банка им го одобри овој кредит кога ниту една друга банка во земјава не сакаше тоа да го стори“, се потенцира во соопштението од Комерцијална банка.

Банката потоа информира: „Во документацијата на Еуростандард банка (во стечај), Здружението на штедачите точно може да види дека залогот од 3 милиони евра на Еуростандард во Комерцијална банка нема никаква поврзаност со докапитализацијата. Тоа е всушност обезбедување за поединечни кредити дадени од Еуростандард банка на нејзини клиенти. Во моментот кога овие клиенти не ги вратија кредитите, Комерцијална банка си ги наплати побарувањата.

Затоа е крајно тенденциозно и злонамерно да се спомнува Комерцијална банка без никаков основ и без проверени информации во различни контексти, а се со намера да се прикаже извртена слика на реалните случувања во Еуростандард банка. Тоа веројатно е и причината зошто честопати при спомнување на клиенти на Еуростандард банка се истакнува дека имале депонентна сметка и во Комерцијална банка, без да се земе предвид фактот дека тие имале депонентни сметки и во други банки, а не само во Комерцијална.

Искрено веруваме дека Здружението сака стечајната постапка на Еуростандард банка да се заврши брзо и ефикасно. Затоа ги упатуваме да ја проверат и потврдат правната издржаност на информациите што ги пласираат во јавноста и да се ослободат од потребата неосновано да обвинуваат субјекти кои не придонеле со ништо за отворање стечајна постапка во Еуростандард банка“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе