Комерцијална банка по четврти пат ја добива наградата на магазинот Глобал фајнанс

Комерцијална банка АД Скопје по четврти пат е наградена како најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2018 година од светскиот магазин Глобал фајнанс (Global Finance).

Светскиот магазин Глобал фајнанс, со седиште во Њујорк, САД, на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2018 година)“. Ова е четврто по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија.

Изборот за најдобар FX провајдер на финансиските пазари во Македонија е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење на иновативни технологии.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе