Лекциите, наставниците и другарчињата сега се достапни за 46 ученици на кои Комерцијална банка АД Скопје им донираше лаптоп со цел да им овозможи да ја следат наставата он-лајн. На талентираните и желни за учење дечиња од основни и средни училишта од 14 општини во земјава им беа предадени лаптопите од страна на вработени во Банката со желба да имаат успех во учењето во овие вонредни услови и да останат посветени на своето образование и понатаму во животот.
Ова не е првпат Комерцијална банка да го поддржува образовниот процес во земјава. Досега се донирани стотици компјутери за потребите на повеќе училишта. Банката редовно е посетувана од ученици, кои од нашите вработени учат за парите, нивното одговорно трошење и штедење. Комерцијална банка е партнер на повеќе образовни институции во овозможувањето пракса за ученици и студенти, со цел и практично да им го доближи финансиското работење.
„Финансиската училница“ на Комерцијална банка, пак, за една година реализираше предавања на 520 деца во 11 средни и три основни училишта, на кои им пренесе финансиско знаење и информации за тоа како правилно да ги користат финансиските производи.
Банката останува посветена на својата мисија за помагање и унапредување на образовниот процес бидејќи децата се носителите на идниот развој во државата.