Антикризни мерки со предлог законот за финансиска поддршка

Колку пари за плати ќе добијат фирмите ?

Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка за исплата на плати, предвидува предлог-законот за финансиска поддршка. Од Министерството за финансии велат дека доколку компанијата има намален приход од над 80 проценти, износот на финансиска поддршка за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен, додека компаниите со намален приход од 30 до 40 проценти, ќе добијат поддршка до 14.500 денари по вработен.

Компаниите кои се потешко погодени од кризата и кои имаат поголем пад на приходите, ќе добијат поголема финансиска поддршка за исплата на плати, предвидува новиот Предлог-закон за финансиска поддршка што вчера го усвои Владата и кој ќе биде испратен на усвојување во Собранието.

Од Министерството за финансии денеска велат дека доколку компанијата има намален приход од над 80 проценти, тогаш износот на финансиска поддршка за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен, додека компаниите со намален приход од 30 до 40 проценти, ќе добијат поддршка до 14.500 денари по вработен.

За намален приход од 40,01 до 50 проценти предвидени се до 15.955 денари по вработен, за намален приход од 50,01 до 60 проценти до 17.410 денари, за намален приход од 60,01 до 70 проценти до 18.865 денари по вработен и за намален приход од 70,01 до 80 проценти до 20.320 денари по вработен.

„Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а корисници можат да бидат фирмите кои имаат најмалку 30 проценти пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година, спроедено со истиот период минатата година", информираат од Министерството за финансии.

Во законското решение предвидени се и заштитни механизми за платата да стигне во целост до работникот, односно во случај работодавачот да исплати помала плата, превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Со предлог законот не се опфатени фирми кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години. – Како рефрентен период во законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар, велат од Министертвото.

Фирмите кои аплицираат за мерката, не можат да исплаќаат дивиденда и награди за деловна успешност. Можат да имаат најмногу 10 проценти од вработените со месечна нето-плата од над 120.000 денари.

За оваа мерка не можат да аплицираат фирми кои во јуни, јули, август и септември исплатиле нето плата по вработен повисока од 39.900 денари.

Мерката не можат ја користат и фирми кои за вработени ја користат мерката „Македонија вработува", како и за вработени кои се ангажирани за дополнително работење.

Работодавачите кои ќе ја користат мерката, не смеат да го намалат бројот на вработени два месеци по завршување на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе