Колкаво е влијанието на млечните производи за здрави коски

Млечните производи заземаат битно место во пирамидата на исхраната затоа што со нивниот состав и нутритивни карактеристики учествуваат и поттикнуваат многу процеси во организмот. Протеините, витамините и минералите од јогуртот и млекото влијаат на зајакнувањето на коските особено на детскиот организам кој се наоѓа во период на интензивен раст и развој, но се подеднакво корисни и за другите возрасти.

„Децата, веќе на возраст над 1 година, може да почнат со консумирање млеко. Ферментирани млечни производи како јогуртот, може да се внесат од 8 месечна возраст. Како резултат на активните култури кои ја разградуваат лактозата и протеините, влијаат јогуртот лесно се вари и добро да го поднесуваат доенчињата.  Во тек на втората и третата година дневните потреби се 500 мл. млеко и млечни производи, до 8 годишна возраст до 600 мл., а помеѓу 9 и 18 година по 700 мл. млеко и млечни производи на ден“, вели д-р Катерина Ставриќ, педијатар и имунолог.

Млекото и јогуртот се одличен извор на протеини, калциум и фосфор кои се неопходни за формирањето на коските. Важно е во овој период да ги примаат овие состојки што ги носат јогуртот и млекото, со цел да се стимулира развивањето на силни и здрави коски и мускулатура уште во најраниот раст.

„Децата продолжуваат со интензивен раст во втората и третата година, а после тоа растот повторно се забрзува во периодот на пубертет. Создавањето на коските е процес кои интензивно се случува во периодот на раст и трае до 30 година од  животот. Здрава балансирана исхрана ќе помогне во изградба на цврсти коски уште од најраната возраст но и да се одржуваат во текот на животот. Формирањето на здрави коски подразбира координиран процес на создавање на коскена основа која во главно е составена од колаген и други протеини во која се вградува калциумот и фосфорот. Целиот овој процес на обезбедување и вградување на калциумот во коската е потпомогнат од Витамин Д. Со секојдневно внесување на млеко и млечни производи во препорачани дози се обезбедуваат сите потребни хранливи материи за јаки коски и здрави заби. Калциумот во млекото е присутен во форма која лесно се апсорбира, а тој процес е потпомогнат од витамин Д. Витаминот Д не е доволно присутен во исхраната и затоа треба да се внесува дополнително особено во зимските месеци. Млека збогатени со витамин Д имаат двоен бенефит бидејќи се обезбедуваат потребни количини на витамин Д и во исто време тој ја подобрува ресорпцијата (искористливоста) на калциумот од млекото во цревата. Доколку не се внесува доволно калциум преку храна, организмот почнува да го користи калциумот од коските за да го одржува постојано нивото на калциум во крвта кој е важен и за други функции на организмот. Со тек на време коските омекнуваат и може да дојде до намалување на густината и цврстината на коските“, додава д-р Ставриќ.

Младиот организам расте и се развива постојано, за што има зголемени потреби од неопходните нутритиенси. Овој континуиран раст и развој потребно е да се следи со секојдневно снабдување на доволни дози протеини, минерали и витамини со кои ќе обезбедат силни коски, здрави заби и јаки мускули кои ќе одговорат на физичката активност. Затоа посебно е корисно постоењето на млечни производи чиј состав е збогатен со витамини, како што е Битолскиот јогурт со 10 витамини и Битолско млеко со 10 витамини.

„Покрај витаминот Д кој ја подобрува искористливоста на калциумот од млекото и негово вградување во коските, и други витамини се важни за здрави коски како што се витамин А, Б витамини, витамин Ц и витамин К. Витамин А делува на клетките на коската кои се одговорни како за вградување на калциумот така и на клетките кои ја разградуваат коската. Затоа е потребно да се запазат препорачаните дневни количини на овој витамин за да искористи неговиот бенефит за јаки коски. Б витамините се кофактори на бројни ензими во телото и се вклучени во бројни метаболните процеси меѓу другото и во процесот на создавање и одржување на здрави коски. Б2 е вклучен во клеточното размножување и активноста на коскениот ензим алкална фосфатаза. Б6, Б9 и Б12 се поврзуваат со активноста на коскените протеини и нивен недостаток може да доведе до намалено создавање и слаба структура на коските. Б12 влијае на клетките кои учествуваат во вградување на калциумот во коските и во активноста на алкалната фосфатаза и на тој начин обезбедува цврсти и здрави коски. Витамин Ц е важен за формирање на колагенот, кој е основа на коската врз која се вградува калциумот и се обезбедува поголема густина на коската. Витамин К2 исто така е вклучен како коензим во метаболизмот на коската“, дополнува имунологот педијатар Ставриќ

Користа  од внесување на млечните производи не може да се изолира само на поттикнување на правилниот развој на коските, туку подеднакво исто влијание има и врз имуниот систем, дигестивниот тракт, очите, кожата и слично. Млечните производи, пред се јогуртот и млекото со, вака витамински збогатен состав се корисни и со бројни придобивки за правилен раст и за целосниот развој на младиот организам.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе