Коко детско штедно осигурување: За сигурна иднина и исполнети соништа

Главна грижа на родителите е да им овозможат удобен и сигурен живот на своите деца. Тие секогаш се трудат да им дадат сѐ најдобро и да им обезбедат светла иднина.

Но што ако може најдоброто да чини малку повеќе? Инвестициите и финансиското планирање на родителите треба да овозможи покритие за најдоброто на децата.
Вложувањето во нивната иднина е најважната инвестиција што би ја направиле во текот на животот. Како и каде правилно да инвестирате а притоа да имате максимално сигурни придобивки за вашата инвестиција?
Еден од начините да бидете сигурни дека вашите деца имаат финансиска поддршка кога им е најпотребна е детското штедно осигурување. Полисата на осигурување за вашето дете е подарок што ќе расте заедно со детето. Постојат неколку придобивки од купувањето животно осигурување за децата, меѓу кои треба да се истакнат загарантираното покритие и пристапот до паричната вредност за иднината.
Осигурувањето ќе им обезбеди на најмладите најдобро образование, поддршка кога ќе решат да се осамостојат или да донесат одлука за засновање свое семејство.
Кроација oсигурување - живот ви нуди безбеден начин да создадете капитал во
насока на обезбедување најдобра иднина на детето. Коко детското штедно
осигурување претставува полиса што обезбедува осигурување и, воедно, штедење и план за заштеда во корист на детето.
Како пример за штедење ќе споменеме дека, на пример, ако инвестирате за своето дете по 50 евра секој месец, годишната премија ќе изнесува 580 евра, а на неговиот 18. роденден ќе има 10.145 евра. Во случај да сакаме детето да има 23.000 евра осигурена сума за период од 18 години, треба да се издвојуваат по 116 евра месечно, при што годишната премија изнесува 10 145 евра. Овие средства можат да се искористат за финансирање на високо образование, студии и живот во странство, за купување автомобил или стан итн. Едно е сигурно, треба да се започне што побрзо со осигурување за да се акумулираат повеќе средства со текот на годините.
Овој тип осигурување, каде што детето е единствен корисник на средствата, опфаќа деца од 1 месец до 13 години, а осигурувањето може да трае најмногу до 25-годишна возраст. Одвојувањето парични средства не е секогаш лесно и нема секој еднакви финансиски можности, па затоа кај Коко детското штедно осигурување постои можност за избор на динамиката на плаќањето и сумата што се уплаќа. Исто така, осигурувањето е временски и просторно неограничено. 
Коко детското штедно осигурување е заштитено со девизна клаузула, детето е
единствен корисник на средствата, а постои можност за договарање стипендиска рента. И овде се нуди можност за вклучување дополнителни компоненти на осигурување. Повеќе информации за овој тип осигурување, како и барање за изготвување конкретна понуда, согласно со барањата и можностите, може да се најде на следниот линк.
Дополнителни бенефиции се можноста за зголемување на осигурената сума во висина од 3% за постигнат одличен успех во средното образование, како и двојна осигурена сума при несреќен случај на двата родитела на осигуреникот, истовремено и исплата на осигурената сума во случај на несакани последици за Договорувачот. Постои и можност за вклучување дополнителни компоненти за осигурување: дополнително осигурување во случај на незгода/повреди и дополнително осигурување во случај на операции. Максималната осигурена сума изнесува 30.000 евра.
Комерцијален текст

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе