НОВО МЕСТО ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

„Кока-кола активна зона“ и за гостиварци

Гостивар од вчера стана дел од големиот проект на Кока-кола (Coca-Cola) и Пивара Скопје наречен „ Кока-кола ативни зони". Во доцните попладневни часови, во присуство на голем број граѓани, спортисти, рекреативци, претставници од Пивара Скопје, како и градоначалникот на општина Гостивар, беше отворена „ Кока-кола активна зона " во Гостивар.

Гостивар е осмата општина по ред опфатена со овој проект и граѓаните од оваа општина им се придружуваат на граѓаните од општините Гази Баба во Скопје, Охрид, Струмица, Прилеп, Тетово, Куманово и Штип. Целта на компанијата Coca-Cola и Пивара Скопје, кои ги подаруваат Активните зони, е, пред сè, промоција на активниот начин на живот за сите граѓани и, воопшто, добробит за целата заедница.

„Чест и задоволство ми е што денеска во Гостивар ја продолжуваме нашата мисија за добросостојба на сите граѓани, промовирајќи го активниот животен стил и поттикнувајќи ја спортската култура. Нашата цел е преку „ Кока-кола активна зона “ да ги поттикнеме на физичка активност сите жители на општина Гостивар, без разлика на нивната возраст, пол или физичка предиспозиција. Зоната ја поставуваме на достапна локација каде во следниот период во соработка со стручни спортски лица ангажирани од наша страна, ќе организираме низа спортски настани, со намера „ Кока-кола активна зона “ во Гостивар да прерасне во место за инклузија на сите граѓани кои ќе можат непречено да го реализираат својот потенцијал, да се забавуваат и социјализираат.

Наша движечка сила и мотив да продолжиме со овој проект е што „ Кока-кола активна зона “ уште од самиот почеток одлично се прифатени и посетени од сите граѓани, а секојдневно добиваме нови барања од граѓаните низ цела Македонија за донација на „ Кока-кола активна зона “ и во нивната општина. И затоа нема да застанеме тука - Гостивар е осмата активна зона, трета годинава. Пивара Скопје и компанијата Кока-кола ќе продолжат со овој значаен проект сè додека не ја покриеме цела Македонија и одговориме на барањата на сите граѓани“, рече Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

„ Кока-кола активна зона “ се реализираат со поддршка на локалната самоуправа, а истите се сочинети од 6 најсовремени професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, 24 часа на ден.

„Едно вакво спортско-рекреативно катче е навистина добредојдено во градот Гостивар и благодарен сум што Пивара Скопје и компанијата Кока-кола ја вклучија и нашата општина, бидејќи еден ваков проект долгорочно ќе влијае врз културата на живеење на сите граѓани. Жителите на Гостивар сега ќе имаат шанса бесплатно да практикуваат спорт и да се рекреираат, меѓутоа оние поупорните – да вежбаат и професионално, и навистина сум убеден дека овие фитнес-справи ќе бидат дополнителна мотивација за практикување редовна физичка активност. Би сакал само да упатам еден апел до моите сограѓани да ја чуваат оваа зона, да не ја уништуваат, да се грижат за неа и вистински да ја употребуваат“, изјави Невзат Бејта, градоначалник на општина Гостивар.

Проектот „Кока-кола активна зона“ ја опфаќа целата територија на Македонија и е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Кока-кола за поттикнување на спортскиот дух и вложување во заедницата, преку која досега се реализирани и други успешни проекти, како Кока-кола фудбалскиот куп, бесплатните паркиралишта за велосипеди итн.

                                                                             Комерцијален текст

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе