Според трговците на мало и големо основните производи за заштита на стандардот на граѓаните со определена маржа се: јајца од кокошка, брашно пченично тип 400, сончогледово масло за јадење (без ладно цедено), бел шеќер, ориз бел (без интегрален и бланширан, останати видови долго зрно, јасмин...), тестенини (само шпагети и макарони од мека и дурум пченица, без свежи тестенини, интегрални, пченкарни, био и безглутенски), млеко кравјо УХТ 2,8%, 3,2% и 3,5% (да се исклучи овчо, козјо), сирење бело кравјо (овчо, козјо, мешано, сите останати специјални видови сирења, растителни сирења – да се исклучат од листата), урда кравја, свежо месо – пилешко, свинско, јунешко само ќебап, плескавица, смеса , колбас, ребра (да се исклучат од листа ексклузивни видови преработки од типот блек ангус, млечно телешко, обработено месо да биде исклучено од листата), салама – посебна и паризер од свинско, пилешко, говедско месо (да се исклучи целокупниот димен и траен програм на сувомесни преработки), виршла – пилешка, свинска, јунешка, колбас – пилешки, свински, говедски, кај свежо месо да се признае дозволеното кало од 15-16%, леб бел и полубел – цел и сецкан (да се исклучат сите останати лебови, интегрални, ржани, специјални лебови, миксови), овошје – јаболка сите сорти, зеленчук - компир, кромид, зелка, краставица, домат... Кај овошјето и зеленчукот да се признае законски дозволеното кало +15% маржа.
Од 1 март, според одлуката на Владата, се определува највисоката трговска маржа до 5 % на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 % на продажната цена во трговија на мало. Трговците бараат итна средба со министерот за економија и прифаќање на нивната листа. Тие исто така бараат висината на маржата да биде ограничена на 20 % во трговијата на мало и 10 % за трговците на големо.
А.Д.