Продолжување на рокот

Кога ќе биде готов автопатот Кичево - Охрид ќе се знае до средината на мај

Наскоро ќе се знае конечната одлука за третиот рок за довршување на автопатот Кичево – Охрид, а во тек се подготовки и разговори од кои треба да произлезат решенијата за анекс број 2 како дел од договорот за изградба на оваа патна делница, најавија денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП „Државни патишта“, Ејуп Рустеми по увидот на работите на патот Маврово – Дебар.

Продолжувањето на рокот е неопходно, бидејќи, како што рече Рустеми, последниот рок истекува на крајот од јуни оваа година.

„Нема шанси да се заврши патот во овој рок. Од тие причини водиме преговори со изведувачот, компанијата ‘Синохидро‘ за продолжување на рокот. Деновиве сме во интензивна комуникација и очекувам до средината на мај дојдеме до заедничко решение“, рече Рустеми.

Со овие преговори треба да се прецизира и крајниот рок, што ќе биде дел од Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба, заради склучување на Анекс бр. 2 кон договорот за изградба на патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка.

Министерот Бочварски на новинарското прашање за изнаоѓање решение, одговори дека Владата е силно посветена на овој проблем.

„Изминатиов период работевме на репроектирање на трасата и досега се завршени 25 проценти. Само последниве недели се одобрени проектите за 16 од вкупно седумдесет позиции. Со тоа се овозможува подобра динамика на градежните работи и конечно да се добие една современа автопатска делница“, рече Бочварски.

Тој додаде дека во овој период интензивно се работи и на експропријација на земјиштето и на решавање на проблемите кои ја забавија реализацијата на овој патен правец и конечно ставање во функција.

Изградбата на автопатот од Кичево кон Охрид со должина од 57 километри почна во 2014 година. Според најавите требаше да биде готов во 2018 година, но по проблемите кои настанаа на трасата, рокот беше поместен за јуни 2021. Засега не е утврден третиот и краен рок за завршување на инвестицијата вредна 598 милиони евра. 

 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе