Кога е време да ги оставите клучевите и како да возите безбедно на повозрасни години

Во согласност со закон возачите може да ја продолжуваат важноста на својата возачка дозвола до 75 години, но како повозрасните возачи да знаат кога е вистинско време.

Самото стареење не треба да влијае на способноста за возење, бидејќи многу повозрасни возачи имаат подобро здравје и психофизичка состојба од некои возачи што се и десетина години помлади и можат безбедно да функционираат.

Но, важна е самокритичноста да се препознаат првите предупредувачки знаци за небезбедно возење – како што е намалена самодоверба при возење, замор при возење и при помали дистанци, задоцнета реакција во критични ситуации, тешкотии при држење правец или допирање на рабниците при вртење, како и возење премногу бавно или премногу брзо за условите на патот.

Често, првите сигнали ги забележуваат блиските од семејството, а не самиот возач. Во такви случаи, потребно е поголемо внимание како ќе се отвори таа тема, за да не се предизвикаат негативни емоции, особено што повозрасните возачи особено ја ценат самостојноста во движењето  што ја нуди возењето автомобил.

Во секој случај, најдобро е таа тема да ја отворите полека, со прашања дали возењето им предизвикува стрес или нервоза, дали ги забележуваат несовесните и ризични возачи или да  оставите таквиот разговор да го отвори лекар или експерт на таа тема.

Макпетрол инфо поинт

 

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе