Кога Битола повторно ќе добие парно греење?

Започна поставувањето на цевките од топловодот од РЕК „Битола" до Битола, информираат од АД ЕСМ и нагласуваат дека со засилен интензитет се подготвува трасата низ која ќе поминува топловодот кој ќе обезбеди топлинска енергија за Битола, Новаци и Могила – трите општини во близина на РЕК „Битола". Покрај Скопје, Битола некогаш имаше парно греење и своја Топлификација, но веќе 15 години се живее во надеж дека радијаторите повторно ќе се стоплат преку РЕК „Битола“. 

Во декември минатата година беше соопштено дека е започната изградбата на топловодната мрежа за Битола, Могила и Новаци, а денеска е објавено соопштение дека првите цевки се поставени на излезот од РЕК „Битола" кон Новаци и дека тие треба да ја прифаќаат топлинската енергија која се создава како нус производ во текот на производството на електрична енергија и да ја спроведуваат во системот за парно греење на трите општини.

Изведувачите на работите, фирмите Рапид Билд и Гранит во оваа фаза имаат трасирано повеќе од два километри од топловодот, обезбедувајќи работен простор за машините кои ги транспортираат и поставуваат цевките, соопшти ЕСМ.

Оттаму потсетуваат дека почетокот на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила беше означен во декември минатата година.

„Проектот е во вредност од 46 милиони евра, од кои 39 милиони се кредит од германската КфВ банка, а 7 милиони се средства на АД ЕСМ. Рокот за изведба на проектот е две години. Согласно планот, на почетокот на топлификацијата ќе се приклучат 35 општински и државни институции во Битола кои ќе искористат една третина од капацитетот на системот. Со другите две третини ќе се задоволат потребите на големите станбени и деловни згради и на индивидуалните куќи во Битола, Новаци и Могила“, велат од ЕСМ.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе