„Кофикаб“ ќе инвестира во Македонија, нови 150 работни места

Кабли со висок квалитет, серфтифицирани за сите автомобилски брендови ќе произведува светскиот гигант во автомобилската индустрија „Кофикаб“ од Тунис. Оваа компанија планира да изгради производствен капацитет во близина на фабриката на „Дрекслермаер“ во Кавадарци и „Кронберг и Шуберт“.

„Тие ја видоа големината на локалниот пазар, ова лето донесоа одлука да инвестираат. Фирмата се наоѓа во една постоечка локација во Кавадарци, од каде во средината на декември почнуваат со достава на кабли кон „Дрекслермаер“, а за кратко време и до „Кронберг и Шуберт“, рече министерот Веле Самак во изјава за Сител.

Веќе се објавени и огласите за вработување, а наредната година оваа компанија планира да изгради гринфилд фабрика каде ќе се произведуват кабли за „Дрекслермаер“ и „Кронберг и Шуберт“. Во овој период ќе има до 150 вработувања.

Оваа голема инвестиција викендов ја најави премиерот Никола Груевски.

„Тие се нивни бизнис партнери и обично кога „Дрекслермаер“ ќе отвори нова фабрика и тие отвораат своја фабрика на истото место заради намалување на транспортните трошоци за нивниот производ“, изјави вчера Груевски.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе