Код тврди дека мазутот во РЕК Битола имал повеќе вода и суплементи, Супертрејд демантира

На 16 јуни пет цистерни полни со мазут требало да ја поминат царинската управа. Крајна дестинација им бил најголемиот производител на струја во земјава, државната РЕК Битола. Цистерните биле од увозникот Супертрејд, фирма кај која инспекторатот веќе претходно утврди неправилности кога истата се обиде да внесе мазут кој не ги исполнуваше стандардите, односно имаше повеќе вода и пепел во него, тврди екипата на емисијата Код на ТВ Телма. Нашиот мазут во целост одговара со утврдената регулатива, демантираат од Супертрејд.

После пишувањата на Код за се позачестениот увоз на опасно масло наместо мазут, царината и инспекторатот потпишаа мемурандум – дека ќе соработуваат. Сега за секој увоз на гориво, царината ги известува инспекторите за да се провери дали е потенцијална еколошка опасност течноста која е товарена во цистерните.

Така било и минатата среда. Инспекторите одлучиле да не се задржуваат цистерните за да нема застој, но конвојот со патрола бил пречекан пред вратите на РЕК Битола. Таму од сите цистерни се земени примероци за да се истражи што ќе соогорува рекот при неговото производство. Мострите се однесени во акредитирана лабораторија, а од РЕК Битола за Код известиле за резултите.

„На 25 јуни до АД ЕСМ, подружница РЕК Битола доставено е Уверение за квалитет на масло за горење – мазут, според кое во земениот примерок сите испитувани карактеристики, густина на 15 Целзиусови степени, точка на палење – затворен сад, кинематска вискозност на 100 Целзиусови степени, содржина на сулфур, содржина на кокс и пепел и топлина на согорување и се во границите на дозволеното. Во примерокот, единствено карактеристиката вода и седименти отстапува од најновиот правилник за квалитет на течни горива и македонскиот стандард за квалитет на масла за горење”, тврдат од РЕК Битола.

Код дознава дека во меѓувреме и државниот инспекторат за животна средина ѝ наложил на државните електрани да си ги испитаат примероците кои ги имаат во своите складишта во РЕК Битола. Таму во моментот на испитувањето се чувале 313 тони залиха на мазут од фирмата Супертрејд која според податоците од РЕК Битола ја снабдува скоро две годинии и од овие примероци се земени мостри за проверка.

РЕК Битола не бил единствената мета за проверка на крајните потрошувачи на мазутот кој доаѓа од сомнителните увозници. И поранешно кавадаречко Фени, а сега Еуроникел го троши во големи количини како гориво за производтсвото и од тамошните резерви биле земени мостри. Резултатите покажале дека во мазутот кој го користат има повеќе вода од дозволениот 1 процент, но не се знае кој е точно увозникот.

Проблем е што Еуроникел набавува од повеќе фирми, па не може да се следи трагата на оној кој го донел баш тој мазут кој бил затечен во резервоарите.

Супертрејд остро реагира и ги отфрла невистините и манипулативните тези, пласирани во прилогот, со наслов „Код: Мазутот од Супертрејд за РЕК Битола со повеќе вода и суплементи, откри инспекторатот“ емитуван на ТВ Телма во сопственост на нашиот конкурент Макпетрол,  соопшти компанијата.

„Не почитувајќи ги основните новинарски начела да се слушне и втората страна, прилогот изобилува со лаги, смислени тези се со цел да се наруши угледот на Супертрејд. Неточна е информацијата дека во анализите извршени на мазутот што го увезува Супертерјд е пронајдено пепел и вода. Мазутот увезен од Супертрејд и дистрибуиран до крајниот потрошувач во целост одговара со утврдената регулатива и е во 100 отсто во состав согласно утврдените критериуми од страна на државата. Доколку согласно некоја регулатива овој производ не ги задоволува условите, тогаш треба да се смени регулативата, која уште еднаш потенцираме ја носи државата“, реагираат од Супертрејд.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе