Македонија

Ќе се носи нов закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам

Целта на Предлог-законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, кој вчера беше усвоен на владина сеедница, е усогласување со одредбите од четвртата ЕУ Директива за спречување на употребата на финансискиот систем за перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.

„Согласно оваа директива, меѓу другото, се прецизираат и усогласуваат одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и се предвидува воспоставување на регистар на вистински сопственици во рамки на Централниот регистар на РМ. Со тоа се предвидува обврска за правните лица да поседуваат, чуваат и да ги впишат во регистарот на вистински сопственици податоците за нивните вистински сопственици и се намалува износот на забраната за вршење на готовински плаќања од 15.000 евра на 2.000 евра“, информираше денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.  

Според Бошњаковски, овој закон има три клучни компоненти.  

„Првата е дека во 2014 година биле направени измени и од Законот се изземени носители на јавни функции да бидат под зајакнати контролни механизми за можност за перење на пари.  Ние ова го изменивме и проширен е опсегот на именувани функционери врз коишто ќе бидат применети зајакнати механизми, ќе бидат проверувани за можност за перење пари. Втората работа, според него, е тоа што правните лица во регистарот ќе треба да ги впишат вистинските сопственици. Во моментов Централниот регистар нема обврска да има информација кое лице е вистински сопственик  на фирмата.  Со новиот закон се предвидува оваа обврска. Ова е клучен момент. Не може фирма, правно лице да биде вистински сопственик на друго правно лице, ќе мора да постои податок  во Централниот регистар кој со име и презиме е мнозински сопственик“, рече Бошњаковски.

На седницата се утврдени и измените на Законот за трговски друштва со кои се предвидува да се изврши бришење на одредбите за тајни друштва за да се зголеми транспарентноста во правниот промет и да се намалат можностите за даночно затајување.

 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе