Ќе се гради трасата од 17 километри до граничниот премин Клепало од бугарска страна

Трасата долга 17 километри кон граничниот премин Клепало од бугарска страна ќе се гради. Од општина Берово соопштуваат дека Агенцијата за патна инфраструктура на Република Бугарија го отворила јавниот тендер за избор на изведувач за изработка на концептуален и технички дизајн за завршување на дел од патот Струмјани – граничен премин Клепало, што според нив ќе ја обезбеди патната врска со Берово.

„Изградбата на трасата ќе биде долга околу 17 километри од селото Колибите до идниот граничен премин. Крајниот рок за тендерот кој таму веќе е во тек е 3 август 2020 година. Ова значи дека ако се биде како што треба, во оваа 2020 година би се завршиле работите околу изградбата на патната инфраструктура, што ќе биде огромна работа во реализирањето на целата иницијатива“, информираат надлежните.

Иако беше најавено годинава порано да биде завршена изградбата на патот од бугарска страна, минатогодишните локални избори во Бугарија и пандемијата со коронавирусот според надлежните ги одложи работите за неколку месеци.

„Доколку се реализира најавниот тендер,  може да се очекува за брз временски период решавање на сите технички проблеми и конечно со целосна посветеност на двете страни да се заврши она што сите го очекуваат, а тоа е почеток со работа на граничниот премин Клепало“, додаваат од општината.

Граничниот премин „Клепало“ со години е надеж за препородување на Малешевијата. Граѓаните очекуваат со неговото отворање да се зголеми  бројот на туристите, но и да се развие бизнисот. Пуштањето во функција на„ Клепало“ ќе значи скратување на патот до Струмјани за околу 130 киометри. 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе