Ќе мора да поскапат комуналните услуги, велат од АДКОМ

АДКОМ, здружение на даватели на комунални услуги во кое членуваат повеќе од 90 јавни комунални претпријатија, соопшти деkа е непријатно изненадено и разочарано од одлуката на Владата со која овие претпријатија не влегоа во пакетот за субвенционирана електрична енергија. „Сега останува најнепосакуваното решение – повисоки сметки за вода и комунални услуги со што ќе се удри по џебот на граѓаните“, најавува АДКОМ, но сепак и додава: „Очекуваме Владата да ги исполни своите најави дека, во интерес на граѓаните, и тие претпријатија ќе влезат во овој пакет мерки“.

Фото: Архива

АДКОМ потсетува дека веќе излезе со последно предупредување и барање, Владата да им помогне да ја надминат енергетската криза.

„Сега останува најнепосакуваното решение – повисоки сметки за вода и комунални услуги со што ќе се удри по џебот на граѓаните. Од ЈКП уште еднаш предупредуваат дека постои опасност над милион граѓани да останат без вода за пиење, а 15 илјади вработени без работа. АДКОМ бара Владата да докаже дека има слух за интересите на граѓаните и ќе излезе во пресрет на барањата на Јавните комунални претпријатија. Ние сме подготвени за соработка“, се вели во соопштението.

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе