ЈП за државни патишта

Китинов: На автопатот Миладиновци-Штип имаше 24 асфалтирани бандери, платени, а нереализирани ставки...

Автопатската делница Миладиновци – Штип требаше да биде завршена во мај 2017 година, но кога ние ја презедовме власта во јуни истата година, неговата реализација беше само 55 отсто, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов во интервју за 1 ТВ.

Китанов вели дека Владата на Груевски плаќала и до 3-4 пати поскапо од цените што кинеската компанија Синохидро ги нуди сега.

Специјалното јавно обвинителство во врска со автопатот покрена случај за нанесена штета на државата за околу 155 милиони евра.

Големи проблеми имавме со доградувањето на автопатот Миладиновци-Штип, кој ќе биде пуштен наредната недела.

„Тој пат не требаше да го градиме ние. Почнале во 2014, со рок на изведба до 2 мај 2017. Кога дојде на власт владата на СДСМ, патот беше завршен само околу 55%. За три години, само 55%. Бидејќи договорот за изградба беше истечен, почнавме преговори со Синохидро и постигнавме договор ние да не им пишуваме пенали зошто не го завршиле, а тие нам зошто не биле отстранети многу работи за да можат да градат. Најголемиот проблем беа 24 далеководи, оставени асфалтирани на патот. Ни дадоа рок од 4 месеци да ги дислоцираме“, објаснува Китанов.

Тој вели дека имало и други проблеми, како на пример непоставена заштитна мрежа, која ја имало во пресметките, слеп натпатник кај Свети Николе и Кадрифаково, не биле третирани и водоводните цевки од Злетовица, кои патот ги сечел...

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе