Кирил Лазаров: Да престане експлоатацијата на лозарите и нивниот труд

Без искрен, совесен и патриотски пристап го уништуваме нашиот највреден ресурс, лозарството. Експлоатирана е работната рака и маката на лозарите. Без задоволни лозари нема лозарство, а без лозарство нема вино. Лозарството заедно со производството на вино создаваат околу 15 до 20 отсто од вкупниот земјоделски БДП, и претставува еден од нашите најголеми стратешки земјоделски производи, вели Кирил Лазаров, претседател на Македонско-бугарската стопанска комора и сопственик на НИКОБ групацијата.

„Потребна е реална и искрена помош од надлежните. Драстично поскапеа струјата, нафтата, работната рака, увозните суровини.

Недозволиво е цената за откуп да биде под 20 денари за килограм смедеревка и под 25 денари за килограм вранец. Се што е под оваа цена е потценување и девалвирање на работната рака и маката на лозарите. Своевремено лозарите со својот труд си градеа куќи, а денес едвај врзуваат крај со крај.

Да се напушти концептот што голем дел од винариите го наметнуваат, а тоа е откуп по ниски цени, извозно ориентирани, со производ без додадена вредност, базиран на ефтина работна сила на грбот на лозарите или кратко, профит на туѓа мака. Не бива така, доста е.

Така нема и не може да има квалитет и задоволство кај сите. Во винската индустрија ни треба висок квалитет, суровина, почитувана работна рака и производ со висока додадена вредност.

И,  до кога лицимерие од одредени транзициски профитери кои се сега сопственици на винарии?

Најпрво ги купија големите винарници за да ги затворат. Денес се жалат дека немаат профит и имаат потешкотии, а во исто време купуваат скапи недвижности по Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Грција...

Истите тие користат ИПАРД фондови за подигнување на нови лозови насади, толчејќи го обичниот лозар со ниски цени, а додека на лозарите не им се достапни ИПАРД фондови.

Не е фер! Решение секогаш постои доколку се сака.

За почеток, еве една иновативна препорака до надлежните, и тоа функционира во многу светски земји и светски индустрии. Задолжителен сертификат дека грозјето како производ  е платено по фер цена. Фер откуп, фер плата за маката и работната рака и фер квалитет“, напиша Лазаров на својот фејсбук-профил.

 

\

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе