Кинеската компанија Синохидро бара уште 143 милиони евра за автопатот Кичево–Охрид

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид има сериозни проблеми бидејќи кинеската компанија „Синохидро“ бара нови средства и поставува непријатни услови кон македонските компании. Имаме две опции или да го раскинеме договорот со нив или да го продолжиме и да издвојуваме нови средства, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Според вицепремиерот Анѓушев откри дека настанал сериозен проблем пред  потпишување на анексот.

„Сега Владата е ставена во позиција да избира помеѓу две зла - првото да го раскине договорот, а второто да го продолжи, но со нови услови, кои се крајно неповолни за дел од македонските компании кои се јавуваат како подизведувачи“, рече Анѓушев.

Автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година и  требаше да биде готов во јануари годинава. Цената на потпишаниот договор за овој автопат беше 373 милиони евра, но по откриените бројни нерегуларности и нерешени имотно правни односи се чека на потпишување на анекс на договорот.

Кинеската компанија, според Анѓушев, побарала дополнителни 145 милиони евра. Владата најави дека рокот за изградба на автопатот ќе се пролонгира за уште три години, но сѐ уште се  чека на потпишувањето на анексите за продлолжување на рокот за градба и за дополнителната сума што треба да се исплати.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе