Кико Милано во Сити мол

Откако веќе неколку месеци продавницата на Кико Милано успешно работи во Ист гејт мол, време беше за ново поглавје во кое едвај чекаме да продолжиме заедно да ја раскажуваме приказната за вашите омилени производи.

 

Отсега, целата козметика која е љубов на прв поглед, можете да ја најдете уште поблизу до вас, и тоа во трговскиот центар Сити мол каде ве очекуваат неодоливи промоции.

По повод отворањето, со секоја сметка над 990 денари, добивате подарок несесер, совршен за организација на сите супер производи што ќе ги одберете.

Сосема подготвени за летото, во новата продавница на брендот ќе ги најдете сите висококвалитетни производи соодветни за сечиј тип на кожа, со кои ќе блеснете на секој повод овие топли денови.

Не двоумете се и одберете производи од новата колекција на Кико Милано едноставно наречена „Festival Glow“, полна уникатни и светкави парчиња совршени за сите забави ова лето.

Во новата продавница на брендот ве очекуваат и сите класици со потпис на истиот, како долготрајните кармини во неодоливи бои, руменилата во нијансите на летото, лаковите што секогаш ги обожаваме, но и сите култни производи за нега на кожата како најзначаен сегмент.

Токму во време на исклучително високи температури, бидете сосема слободни кога е вашата кожа во прашање и одберете ја најдобрата козметика која знаете дека секогаш ја заслужувате.

Дозволете си вистинско разгалување со производите на Кико Милано, отсега, уште поблиску до вас, за целосно уживање во она што секогаш го заслужувате – посебна грижа за сопственото тело.

Спакувани во неодоливи изданија, направени според клинички тестирани формули, толку елегантни и секогаш во исклучителни бои, производите на Кико Милано ве очекуваат во новата продавница на брендот на приземје во Скопје сити мол.

Комерцијален текст

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе