КХВ испитува дали Tито Беличанец имал инсајдерски информации за „Тетекс“

Комисијата за хартии од вредност дополнително ќе соопшти дали Тито Беличанец, член на УО на „Тетекс“ имал инсајдерски информации кога пред десет дена ги продаде своите 4.000 акции со право на глас во АД „Тетекс“. Оваа компанија од пред два дена е затворена.

„Комисијата врши проактивна супервизија и надзор на пазарот на капитал и тоа секојдневно во реално време преку on-line контрола на БЕСТ-системот, контрола на процесот на утврдување и порамнување на склучените трансакции, како и евентуални забранети дејства при работа со хартии од вредност. КХВ во рамките на своите надлежности ги презема потребните активности“, велат од Комисијата за хартии од вредност.

Беличанец, долгогодишен член на органите на управување во „Тетекс“ ги продаде своите 4.000 акции за 146.000 евра откако во период од 2016 до 2018 година од дивиденди од тие акции инкасира 40.000 евра.

Генералниот директор на „Тетекс“ Глигорие Гоговски вели дека ова затворање е привремено и дека компанијата ќе продолжи со работа. 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе