Државен инспекторат за животна средина

Казни за комуналното претпријатие и за одговорното лице во депонијата во Росоман

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) минатата недела изврши надзор над депонијата во Росоман, која често се опожарува во летниот период и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот, при што биле утврдени траги од горење и видлив чад на повеќе места.

„Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично (3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице). Издадена е наредба за гаснење на пожарот и постојано одржување на минимални технички услови согласно Законот за управување со отпад“, се наведува во соопштението од ДИЖС.

Во него се додава дека Државниот инспекторат за животна средина постојано врши контроли врз примената на минималните технички услови на депониите на кои се отстранува отпадот од страна на општинските јавни комунални претпријатија.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе