Државниот инспекторат за животна средина

Казна од 20.000 евра за „Пејпер Мил“ од Кочани за прекумерно загадување

Државниот инспекторат за животна средина предложи казна од 20.000 евра за фабриката за хартија „Пејпер Мил“ од Кочани, откако при последните две мерења било констатирано надминување на дозволените вредности на штетните емисии, а промените во процесот и опремата на фабриката не дале резултати.

„Државниот инспекторат за животна средина интензивно работи на спречување на загадувањето од ‘Пејпер Мил‘-Кочани и инсистира на почитување на законите. Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 04.11.2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 02.12.2020) и два пати е констатирано надминување на дозволените вредности.

Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот, не дадоа резултат. Предложена е казна од 20.000 евра, со Решение е наредено да се врши редовно мерење на емисиите, а ‘Пејпер Мил‘ се обврза да инвестира во вреќаст филтер поради повеќекратно намалување на емисиите“, пишува во соопштението од Инспекторатот.

Наредното мерење на емисиите, како што се најавува, е на 30 декември и доколку со ова мерење се докаже надминување на граничните вредности, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин.

Во спротивно, додаваат од Инспекторатот, ќе се забрани работењето, сѐ до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува Кочани.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе