Катарина Георгиевска, прептиемачка: За 10 години сите ќе уживаат во руралниот туризам

Катарина Ката Георгиевска е сопственичка на „Ранчо и Ванчо на Ката“, место за кое многумина велат дека е мал рај на земјата. Во новото видео на Халкбанк ја сведочиме нејзината инспиративна приказна, за тоа како една стара селска куќа од почетокот на минатиот век денес е рурална туристичка атракција во село Оморани.

Експертка по заштита на животна средина по професија, таа нѐ води низ нејзините соништа и амбиции во следните 10 години: да го направи руралниот македонски туризам достапен за сите вљубеници во живописната природа, секој да може да доживее моменти на среќа и спокој во неа.  

Погледнете го видеото во кое Ката со нескриен ентузијазам  ја гледа светлата иднина пред себе, за својот бизнис и за развојот на руралниот туризам, воопшто:

Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе