Карванот на „Мој ДДВ“ во Велес: Секој може да си врати 1.800 денари за три месеци

Во маркетот „Жито Ване“ во населбата Тунел во Велес денеска пристигна промотивниот карван „МОЈ ДДВ“, преку кој граѓаните на информативниот пулт беа информирани за апликацијата и им беа делени летоци.

Градоначалникот Аце Коцевски изјави дека проектот за поврат на 15 проценти од ДДВ на граѓаните е важен не само за државата, туку и за граѓаните.

„Секој од нив на три месеци ќе може да си врати по 1.800 денари, а на годишно ниво по 7.200 денари, или едно просечно четиричлено семејство во текот на годината може да си врати 28.800 денари од парите што како ДДВ ги уплатиле за државата. Тоа ќе биде значаен придонес за скромниот буџет на семејството, тоа е значајно и за државата и за граѓаните на Општина Велес“, рече Коцевски.

Тој потенцира дека со овој проект граѓаните се поттикнуваат да купуваат во продавници и маркети што уредно плаќаат ДДВ, а можат да ги пријавуваат и несовесните продавачи што не употребуваат фискални апарати и ја поттикнуваат сивата економија.

Коцевски нагласи дека на овој начин ќе се сузбие сивата економија и многу повеќе средства ќе се влеваат во државниот буџет, а тие средства индиректно потоа ќе завршат во општините и државните институции. Тој смета дека со тоа ќе се подобри квалитетот на живеење на граѓаните, а ќе значи и повеќе пари за водоводната и канализациската мрежа, улиците и патиштата. 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе