Кампања за одгледување на автохтоната македонска медоносна пчела

По повод 10 години од основањето, здружението за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела „Македонска пчела“ ја почнува кампањата „Одгледувам Македоника, одгледувам наше“.

Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за значењето од одгледување на автохтоната медоносна пчела, но и поттикнување на надлежните институции да посветат повеќе внимание на оваа тема и да ја продлабочат соработката со граѓанските организации.

Кампањата ќе се води преку социјалните мрежи. Предвидено е снимање промотивен видео спот, а доколку се создадат услови ќе бидат реализирани и средби и работилници „лице в лице” со сите засегнати чинители.

„Популацијата на македонската медоносна пчела Apis mellifera macedonica кај нас е идентификувана и потврдена како автохтон подвид. Но, последните неколку години зачестена е нелегалната продажба на пчелни матици од „увезени“ комерцијални и неавтохтони подвидови на медоносни пчели со што се „контаминира“, односно хибридизира популацијата на автохтоната медоносна пчела. Хибридизираните пчели се со намалена виталност, потешко презимуваат и не обезбедуваат рентабилно пчеларење на подолг рок. Како најголем и најсериозен проблем од сето ова е нарушувањето на биолошката разновидност. Со ваквите негативни влијанија, пчеларскиот сектор се доведува во незавидна ситуација, со економски штети кои можат да бидат од голем размер“, велат од здружението.

Според „Македонска пчела“, само преку сериозен пристап кон оваа тема и преку заедничка соработка на сите засегнати страни и чинители, ќе се елиминираат голем број несакани појави поврзани со македонската медоносна пчела. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе