Како да го детоксирате вашиот организам после празничните калории

Доколку во изминатите празнични денови уживавте во храна, во скара, слатки, месни специјалитети и кифлички, слободно може да се каже дека на вашиот организам му е неопходен „рестарт“. Добрата вест е дека не мора веднаш да посегнувате по брзи диети или, пак, разни вежби за да се вратите на вистинскиот пат, бидејќи вашето тело има добра меморија и точно знае кој начин е најефикасен за да сѝ помогне самостојно. Но сепак, еве и неколку едноставни начини со коишто можете да му помогнете на телото да се врати во посакуваната форма.

Започнете го денот со комбинација од топла вода и лимон. Лимоните обезбедуваат неколку здравствени придобивки, кои во комбинација со топла вода, можат да ја помогнат хидратацијата и да го стимулираат варењето на храната во текот на денот. Консумирањето доволно вода е и од суштинско значење за правилната работа на црниот дроб и бубрезите бидејќи им помага полесно да ги филтрираат токсините.

Внесувајте повеќе овошје и зеленчук.

Доколку имате во план да јадете оброци во мали количини, можеби подобро е да се фокусирате на здрави оброци, односно на консумирање производи базирани на растителни влакна.

Додадете протеин во оброците. Погледнете го вашиот ручек за денот. Доколку се состои најмногу од јаглехидрати и нема протеини, веројатно е дека ќе се чувствувате гладни по само еден или два часа. Затоа, пронајдете начини како да ги дополнувате оброците со протеини за да се чувствувате подолго сити.

Јадете бавно. Колку побрзо јадете, толку помалку време му давате на вашиот мозок да препознае дека телото е сито. Ако изминативе денови консумиравте храна во количини драстично поголеми од вообичаено, сега ќе ви биде потребно повеќе време за да се навикнете на разумни оброци. Затоа, дадете му доволно време на вашето тело да ја свари храната. Со побавно јадење ќе му испратите знак на желудникот дека е полн и на тој начин ќе ги намалите шансите за прејадување.

Спијте најмалку седум до осум часа навечер. Бројни истражувања покажуваат дека нарушувањата во спиењето се тесно поврзани со проблеми со телесната тежина и генерално, со добросостојбата на организмот.

Започнувајте ги пост-празничните денови со интензивна физичка активност. Пред да го проверите вашето e-mail сандаче или, пак, пред да ги направите потребните телефонски повици, излезете низ вашата влезна врата и правете го тоа што најмногу го сакате - трчајте, вежбајте брзо одење или возете велосипед. Пред да започнете со некоја од овие активности, не заборавајте задолжително да ја вклучите апликацијата HalkEco на Халкбанк. Апликацијата ќе ве охрабри да бидете физички поактивни, еко свесни и да ја мотивирате заедницата да го следи вашиот пример. Освен што овозможува и ве „тера“ да формирате здрави навики, со HalkEco истовремено придонесувате во зачувување на животната средина така што за секоја ваша активност: трчање, пешачење или возење велосипед, добивате HalkCoins и освојувате различни нивоа за кои што следуваат подароци и бенефиции. И што е можеби уште поважно – со неа создавате можности за засадување зелени површини.

Комерцијален текст

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе