Како да ги искористите Бонус поените од програмата на Халкбанк?

Се прашувате дали воопшто постои можност преку направените трансакции со вашите кредитни картички да правите поврат на вашите „потрошени” пари? Одговорот на ова прашање ja дава програмата бонус поени на Халкбанк АД Скопје со која, при пазарување и плаќање со вашата кредитна картичка, заработувате поени кои се вредносно еднакви на пари.

Оваа бонус програма е креирана со цел да им овозможи на клиентите кои ги користат кредитните картички од Халкбанк, да се на некој начин попривилегирани со бенефициите и вредностите кои банката ги додава за своите клиенти.

Доколку сте корисник на кредитна картика во Халкбанк, собирате бонус поени при пазарување во дефинирани периоди на различни продажни места објавени од страна на банката. Собраните поени потоа можете да ги искористите при идни плаќања во мрежата на ПОС терминали од Халкбанк. При секое следно пазарување, еден собран бонус поен ќе има вредност од еден денар.

Халкбанк континуирано спроведува различни бонус кампањи во различни периоди од годината. Во моментов, активни се бонус кампањите за:

  • Бензинските станици каде Халкбанк има поставено ПОС терминали. Тука со секоја направена трансакција при полнење гориво во текот на викендите, клиентите можат да соберат 5% бонус поени од вредноста на трансакцијата.
  • Со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка на веб продавниците кај E-commerce трговците на банката, секој ден, до 30 јуни 2021 година, можете да собирате 5% бонус поени.
  • Вредност од 10% бонус поени, можете да соберете и со секоја трансакција направена со кредитна картичка во аптеките каде Халкбанк има поставено ПОС терминали, повторно - секој ден сé до крајот на јуни годинава.

Искористувањето на бонус поените е многу едноставно.

Со вметнување на вашата кредитна картичка на ПОС терминалот во продажното место каде што сакате да ја реализирате трансакцијата, внесете го посакуваниот износ од вкупниот број собрани поени, потврдете ја трансакцијата и уживајте во бонусот.

Комерцијален текст

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе