Прес-конференција на СДСМ

Каевски: Мицкоски ем најнеуспешен директор на ЕЛЕМ, ем скапо ја купуваше струјата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ воедно и советник на Груевски за енергетика во времето кога немаше енергетска криза, па сепак во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ цената на струјата беше зголемена за 100 отсто, а струјата Мицкоски ја набавувапе за 3 до 4 пати поскапо од цената на светските берзи, рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски кој покажа и документи од тоа време.

„Овој документ  покажува дека во јануари 2017 година Мицкоски потрошил речиси 6 милиони евра за да купи 66.690 мегаватчаса електрична енергија, чија цена во одредени моменти ја платил и по 221 евро за мегаватчас. Во време кога немало никаква енергетска криза, ниту пак високи цени, и кога струјата вообичаено можела да се набави по околу 50 или 60 евра. Иако производната цена на ЕСМ во тој период била 45 евра за мегаватчас Мицкоски купувал и по и и по 220 евра. Тоа е разлика од околу 3 милиони евра, директно врз грбот на граѓаните. Да беше таа енергија од домашно производство, наместо да ја купи, немало да бидат оштетени граѓаните кои морале да јја платат за речиси три милиони евра повеќе“, рече Каевски и нагласи дека тоа е вистината, а не како што нагласи, лагите од Мицкоски дека струја морал да купи зашто паднале блоковите во РЕК Битола.

Па како тоа му паднале блоковите во РЕК, запраша Каевски потсетувајќе дека ако работел како директор дека требало блоковите и да се одржуваат, а не да зависат од ниската јануарска температура во Битола

„Тоа истиот Мицкоски што пишува статуси на социјалните мрежи за струјата, зборува за цени и меша баби и жаби во време на најголема економска и енергетска криза. Денеска домашното производство на струја е највисоко ниво, државата субвенционира 80% од цената за домаќинствата и се преземаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните, во услови на најголема економска и енергетска криза. Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ кој нема никаков кредибилитет да зборува за енергетика“, рече портпаролот на СДСМ.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе