Стопанска комора

Кадровската политика е приоритет во концептот „Комора на иднината“, вели Азески

Со назначувањето на Михајло Донев за в.д. оперативен директор за развој, иновации и знаење, Стопанската комора на Северна Македонија го заокружи промовирањето на концептот „Комора на иднината“.

Донев доаѓа на функцијата по пет и пол години работа во Комората на различни позиции во областа на образованието, едукацијата и работата на проекти.

Претседателот на Комората, Бранко Азески, вели дека постојано се води сметка за кадровската политика и тоа е еден од клучните приоритети. Денес, според него, по градењето свои кадри во изминатите 15 години, Комората брои 40 високобразовани кадри, од кои три доктори на науки, 18 магистри и 10 експерти од сите сфери.

„За дa влијаеме на поголема примена на информациско-комуникациските технологии во компаниите, мораме да покажеме достоен пример дека и ние постојано се трансформираме во насока на градење Комора која е агилна и приспособлива преку понудување соодветна експертиза за своите членки“, изјави Донев на промоцијата.

Според Даниел Матракоски, соработник во коморската стручна служба, коморите мора да се менуваат за да одговорат на потребите на членките.

„Оттука и реинвенцијата, односно реосмислувањето на работата секогаш е на дневен ред. Дигитализацијата е вистинскиот чекор за успех на долги патеки. Комората треба да ги искористи идеите кои се иницираат во време на криза за да излезе како посилен и подобар партнер на бизнис заедницата“, истакна Матракоски.

Нена Николовска, експерт во Комората, изјави дека за неа Комората на иднината е куќа на бизнисот која долгогодишното искуство го има преточено во иновативност со цел да одговори на потребите на компаниите.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе