Генералниот штрајк продолжува

Каде исчезна дијалогот со Тренчевска, прашува ССМ и најави протест пред МТСП

По утринскиот протест со блокада на главната крстосница во скопската населба Автокоманда, а со тоа и на влезот на главниот град, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре ќе го продолжи протестот за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари пред Министерството за труд и социјална политика од 10 до 13 часот. Од пред зградата на министерството на министерката Јованка Тренчевска ќе ѝ биде поставено прашањето зошто исчезна социјалниот дијалог и што е со работничките права.

Синдикалниот лидер Дарко Димовски вели дека се изиграни ветувањата што ги добиле од Владата на првомајскиот голем протест, а дека министерката за труд и социјална политика треба да каже зошто исчезна социјалниот дијалог. ССМ сепак очекува  повторно да биде поднесен амандман на ребалансот на Буџетот за исполнување на нивното барање за линеарно покачување на платите и за враќање на К-15 за вработените во јавниот сектор.

Пред денешната блокада во Автокоманда, незадоволството беше изразено со протест пред Владата, со поставени 21 столче на булеварот како знак дека министрите не се грижат за работниците, а на првиот ден од штрајкот пред Собранието на Македонија беа поставени 120 столчиња, симболична критика кон народните избраници гласани и од работниците.

Од ССМ велат дека медијацијата како инструмент за решавање на спорот поврзан со синдикалните барања, не функционира и дека дваесет дена нема покана адресирана до Синдикатот. ССМ потсетува дека согласно законот, рокот за помирување е изминат со денешниот ден. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе