К-15 само за 27.000 вработени во државната управа и судовите, не и за здравство, полиција, одбрана...

Во ребалансот на буџетот предвидени се 4 милиони евра за исплата на К-15 за државната администрација, или по 150 евра за 27 илјади вработени во јавниот сектор од вкупно вработени 132.000. Предвидена е исплата на К-15 само за членовите на Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (вработени во министерствата, општините, судовите, обвинителствата, државното правобранителство, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, центрите за социјална работа, јавните установи...).

Во февруари 2020 година Овој синдикат потпиша грански колективен договор со Владата со кој е предвидена и исплата на регрес за годишен одмор.

Од УПОЗ велат дека овој колективен договор има сила на закон и дека ако не се исплати регресот, работниците може да го бараат по судски пат.

Ова значи дека К-15 нема да има за вработените во образование, здравство, полиција и одбрана и јавните претпријатија формирани од единиците на локалната самоуправа. Вработените во овој дел од јавниот сектор имаат посебни синдикати и не се опфатени со овој колективен договор.

Токму вработените во образованието, здравството, полицијата, одбраната и комуналните претпријатија за време на пандемијата одеа на работа за разлика од вработените во управните органи кои одеа во смени или повремено и не одеа на работа.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе