Југохром не може да работи без филтри, но инвеститорот слабо е заинтересиран

Инвеститорот има слаб интерес за изградба на неопходните филтри за работа на Југохром од Јегуновце, а комбинатот може да работи само доколку се изградат филтрите, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Како Влада дадовме се, а мислам дека дадовме и малку повеќе од тоа што бараа само да се постават филтрите, но инвеститорот има слаб интерес. Ги одобривме парите од Македонска банка за поддршка на инвестициите и дефинитивно треба да се бара нов сопственик за комбинатот. Веќе информирав двајца потенцијални инвеститори, а верувам дека и другите претставници од Владата ќе информираат други за да може да дојде нов сопственик и да ја продолжи севкупната реализација на проектот”, рече Заев.

Тој додаде дека сегашниот сопственик ја почнал реализацијата на филтерот и ја поставил конструкцијата, но и најавил дека бара потенцијални инвеститори за продажба на комбинатот, а побарал тоа да го направат и од Владата.

Владата веќе одобрила кредит од 1,5 милиони евра на Југохром за изградба на филтрите, но не им ги доделила парите, бидејќи предуслов за тоа било сопственикот на комбинатот да вложи негови пари за државата да му помогне со средства од кредитот.

За доизградба на филтерот се неопходни уште три милиони евра. 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе