Свеченост по повод обезбедување здрава вода за пиење

Јапонија и Словенија помогнаа штипскиот регион да добие модерна пречистителна станица

Капитален проект, спој на висока технологија од Словенија и иновативност од Јапонија, со вакви зборови денеска на свечениот настан беше оценето завршувањето на проектот со пречистителна станица која треба да обезбеди чиста, здрава и квалитетна вода за пиење за преку 100.000 домаќинства во општините Штип, Пробиштип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. На настанот присуствуваа и амбасадорите на Јапонија и на Словенија, Хиронори Савада и Милан Преда, како и премиерот Зоран Заев и неколку министри од неговиот кабинет.

Филтер станицата, со капацитет од 300 литри во секунда, ќе овозможи и наводнување на 4.000 хектари земјоделска површина, како и производство на електрична енергија од 50 гигават часови. Во тек е тест периодот по кој следува првата фаза – обезбедување вода за пиење за жителите од петте општини.

За овој проект кој се реализираше во изминатите 17 месеци, Владата обезбеди шест милиони евра од Буџетот, а со поволни финансиски средства и со донации учествуваа Јапонија и Словенија.

„Штипјани ќе добиваат најквалитетна вода за пиење по сите светски стандарди. Супер модерната пречистителна станица е најголема од ваков тип во државата и во регионот. Имаме јасна волја да продолжиме со проекти кои прават суштински промени кои ги подобруваат условите за живеење преку праведна распределба на јавните финансии“, рече премиерот Зоран Заев.

„Пречистителната станица во Штип е спој на новата развојна економија и новиот дух на Владата. Граѓаните нема повеќе да се соочат со недостиг на вода за пиење, а земјоделците ќе може да ги наводнуваат површините, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Градоначалникот на Штип Сашко Николов изјави дека штипјани конечно добиваат пристап до чиста и здрава вода за пиење и дека капацитетот на новата станица за ултра-филтрација е доволен да ги задоволи потребите и во најкритичните периоди од годината.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе