Добитник на седмицата

Јанковски од Битола на Лото освоиja над 500 илјади евра

„Државна лотарија“ во рамките на новото коло на Лото7, го објави добитникот на 7-та од Битола, кој освои над 31 милион денари или над 506 илјади евра.

Се работи за семејството Јанковски од Битола, кое пред продажното место „Алек табак“ на Ат пазар во Битола се сретна со претставници на „Државна лотарија“ и заедно ја споделија радоста за оваа 7-ка, која досега е најголемата постигната премија од играта на среќа лото, во историјата на „Државна лотарија”.

Тука уплатени се 4 (четири) комбинации Лото 7 и 1 (еден) Џокер, а добитна е 4-та лото комбинација со броевите: 8, 11, 20, 22, 28, 31 и 35, и со ова, ова продажно место стана најсреќното место во Македонија.

Леци со неговата сопруга раскажаа дека бројките кои ги играле не се бројки на родендени или други значајни датуми за нив и нивните деца, туку бројки кои веќе еден месец ги играле редовно.

„Ние знаеме оти сите играчи учествуваме во фондот на премијата и другите добивки, еднаш едни добиваат повеќе, друг пат други, ова е игра за народот. Ред е тие што добиваат да се заблагодарат, да се знаат кои се и да си ја споделат радоста“, рече Билјана Јанковска, на што нејзиниот сопруг Лаци се надоврза – „Ова не е лага, вистина е, кој игра, тој добива. Јас играм со години и еве сега сум добил, нека веруваат и да не се откажуваат“.

Лаци работи како чувар во ЈП Комуналец во Битола, и со своето семејство – сопругата Билјана и синовите Кирил и Димитар живее во Битола. Со сопругата потекнуваат од две различни битолски села каде што имаат и малку земја што ја обработуваат. Ни оставија впечаток на кротко скромно работливо и сложно семејство.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе