Eнергетика

Јанез Копач ја повикува Владата да ги реши сите отворени прашања со ГА-МА

Додека реформите во секторот електрична енергија се напреднати, нерешениот спор поврзан со сопственоста на операторот на системот за пренос ГА-МА продолжува да ја кочи реформата на секторот за гас.

Регулирањето на сопственичките односи во ГА-МА целосно е во согласност со Законот за енергетика и третиот енергетски пакет кој впрочем беше инкорпориран во Законот, а усогласен како обврска од Енергетската заедница.

Во интервју за МИА, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач потенцираше дека решавањето на спорот со Макпетрол и преземање сопственост и контрола од страна на државата во ГА-МА е предуслов за раздвојување и сертифицирање на операторот за гас во согласност со правилата на ЕУ и за финансирање на нов интерконектор со Грција од страна на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

„Посуштинско прашање е сѐ уште нераздвоенииот и несертифициран оператор на системот за пренос на гас. Додека реформите во секторот електрична енергија се напреднати, нерешениот спор поврзан со сопственоста на операторот на системот за пренос ГА-МА продолжува да ја кочи реформата на секторот за гас. Ова спречува раздвојување на преносниот операторот и ја доведува во опасност навремената изградба на гасниот интерконектор со Грција. Решавањето на спорот со Макпетрол и преземање сопственост и контрола од страна на државата во ГА-МА е предуслов за раздвојување и сертифицирање на операторот за гас во согласност со правилата на ЕУ и за финансирање на нов интерконектор со Грција од страна на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Спорот помеѓу Владата и Макпетрол беше решен во Центарот за решавање спорови на Енергетската заедница и очекуваме Владата да го спроведе постигнатиот договор што е можно поскоро“, рече Копач.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе