Награда за Агенција за туризам на Македонија

Јаневски: Нова генерација туристи го диктираат трендот за патувања

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија е добитник на престижната награда „Бренд лидер 2018” за добрата промоција на најатрактивните дестинации на државата на меѓународниот пазар, а со тоа и големиот придонес кој го има дадено за јакнење на конкурентноста на туристичкиот пазар во целиот регион.

Осмата бизнис конференција за туристички пазар на Југоисточка Европа СЕЕТ 2018 во Белград, Србија - Brand Leader Awards 2018, беше оддржана во духот на регионалната соработка. Директорот на Агенцијата за туризам на Македонија Љупчо Јаневски го претстави искуството за промоција на автентичните дестинации и исклучителните искуства кои се предизвик за новите патувачи пред 400 претставници на национални и локални туристички организации, компании и институции од регионот, ЕУ, Русија, Кина, Турција и Иран.

„Заедничкото делување и регионалната соработка се исклучително важни, особено кога станува неопходност самоодржливоста. Свесни сме дека овој дел од Балканот има уникатен производ кој треба добро да го спакуваме и промовираме. Но, потребна е заедничка иницијатива и координација на сите инволвирани страни”, изјави Јаневски.

За време на излагањето на панелот Јаневски ја подвлече важноста на генерацијата Millennials (родени во текот на раните ‘80ти години па сѐ до средината на ‘90тите) во туризмот поради фактот дека сега тие го диктираат трендот за патување. Важноста за туризмот на оваа генерација е фактот дека генерираат 180 милијарди долари во вкупниот годишен приход од туризмот, а бројот порасна за 30% во последната декада. Карактеристиките кои ја издвојуваат оваа генерација од другите е зависноста од социјалниот контекст - комуникациите и дигиталните технологии, што ја наложува потребата од интензивно користење на маркетинг алатките за промоција кои се на интернет. Непостојани, сонувачи, толерантни кон различностите, нарцисоидни, но и најобразовани за разлика од сите претходни генерации ги прави најсвесни за околностите, политичкиот, економскиот и социјалниот систем во кој се наоѓаат. Затоа се сметаат дека се најкомплексна генерација на која можеш да ѝ пласираш реклама, но од друга страна се и најпосакуваната затоа што се глобално ориентирани, авантуристи и номади кои се во потрага по возбуда, а ултимативната цел им е да го посетат секој континент, да доживеат егзотика и возбуда. Ние го нудиме токму тоа, потенцираше Јаневски на панелот на којшто се дискутираше за трендовите, потребите и идеите како регионов да биде во чекор со глобалните промени. Кинезите од друга страна пак се пазар кој има сосема различни потреби и навики, а ние мора да се подготвиме за нив зошто во последната декада станаа нација која најмногу патува, но и најмногу троши. Ова бара промени во нашата работа, капацитети, инфраструктура и  идеи, што пак е дополнителен притисок на туризмот во регионов, истакна Јаневски на бизнис конференциајта SEET 2018 со што ја отвори и поттикна дебатата и планирањето на претставниците на туристичката индустрија од Балканот.

Наградата е потврда за работата на целокупната македонска туристичка индустрија како и заложбите на тимот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, кои според податоците на Светската туристичка организација, успеаја Македонија да се вброи помеѓу првите пет најбрзо растечки дестинации во Европа. Балканот е во подем, а ние со нашата работа успеавме да го промовираме дополнително како регион и значајна дестинација за трети пазари, додека Македонија се издвои како лидер во овој регион поради растот од 18% во бројот на туристи и девизен прилив во првото шестмесечје на 2018-та година зголемен за 26,5% од минатата година, изјави Јаневски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

 

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе