Јаневски: Кафе во Охрид по еден час лет

Верувам дека заедно можеме се, покренувањето на авионската линија Белград-Охрид со брендиран авион „Отворен Балкан” е добра прилика за почеток на оваа сезона, изјави Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во интервју за српскиот дневен весник „Политика“.

Јаневски даде свој коментар за предизвиците со кои се бори туристичкиот сектор и можностите од иницијативата “Отворен Балкан”.

„Факт е дека туризмот и угостителството претрпеа најголеми штети од здравствената Ковид криза, а сега дополнително туристичкиот сектор повторно е на удар поради војната во Украина. Како брз одговор на предизвиците, потребно е прилагодување на новата реалност и брза промена на рецептивните дестинации, акцентот ќе биде на активниот туризам и вонпансионско трошење, што е прилика да низ мултипликативните ефекти туризмот директно влијае на локалната економија, отварање на нови работни места во услужната дејност и развој на мали семејни бизниси”, изјави Јаневски.

Тој додаде дека секторот туризам за врема на пандемијава не престанува да работи, но се обидува да преживее, фокусирајќи се на одржливите туристички дестинации. Кај земјите од “Отворен Балкан” забележан е најмал пад во бројот на туристи, благодарение на богатата туристичка понуда во регионите каде се практикува селски и еко туризам,  кои не се сезонски ограничени, а нудат голем број природни атракции. “Отворен Балкан” како столб за развојот на регионалниот туризам може да им понуди на еропските и светските патувачи неоткриени дестинации во поглед на атракциите, гастрономијата, мултикултурата и голем број селективни туристички понуди по барање на туристите. Ставање „зелена зона” на граничните премени ќе овозможи брз проток на туристи, а воспоставувањето на нови авиолинии за поврзување на јадранскиот регион ќе отвори потенцијален пазар од 20 милиони туристи. Очекувањата се во наредните пет години ако се посветиме на туристичката промоција, може да се достигне бројка од 25 милиони ноќевања и озбилен дел во бруто домашниот производ од ставка туризам.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе