„Јана“ и АВТ за малите пациенти на детската клиника во Скопје

 „Јана“ и АВТ почнаа хуманитарна акција „Капка радост за малите херои!“ со цел собирање на средства за детската клиника во Скопје.

Со купување освежителни пијалоци од асортиманот на брендот „Јана“ во период од 1 август до 31 октомври во сите маркети на Тинекс и Космо помагате да се соберат средства за детската клиника во Скопје.

Од секој купен производ негазирана природна минерална вода „Јана“ дел од средствата ќе бидат издвоени за детската клиника во Скопје.

Клиниката за детски болести е единствена терцијарна јавна здравствена установа во Република Македонија која преку своите субспецијалистички клиники, оддели и лаборатории  ги дијагностицира и третира најсложените болести кај децата и спроведува истражувања, евалуација и едукација од областа на здравствен третман, со цел подобрување на квалитетот на животот и спасување на детски животи.

Мисијата на Универзитетската клиника за педијатрија е на децата и нивните семејства да им понуди здрава иднина преку супериорна детска нега, едукација и истражување. Оваа мисија вклучува три основни активности, кои се дел од секојдневната работа на клиниката, а тоа се грижа за пациентите, едукација на идните генерации на педијатри и истражувања во областа на педијатријата.

Брендот „Јана“ секогаш се труди да им помогне на оние на кои им е најпотребно. Бидејќи минатата година беше исклучително тешка за сите, особено за најранливите групи, „Јана“ и АВТ, во соработка со Тинекс и Космо, решија да ѝ помогнат на детската клиника во Скопје и ги повикуваат граѓаните да помогнат за подобра иднина за најмилите со свој придонес и мал знак на внимание. Со оваа заедничка акција ќе се реновира Одделот за нефрологија при детската клиника за подобри услови на здравствена заштита на нашите најмили.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе