Јајцето од потполошка е вистинска мала енергетска бомба од само 15 калории

Јајца од потполошки се користат повеќе илјади години во народната медицина на источниот свет, затоа што нивниот состав позитивно делува на нервниот систем, срцето и крвотокот на човекот.

Јајцата од јапонски потполошки се користат како помошно/додатно средство во лекувањето на разни болести кај човекот.

Делотворноста на ова мало јајце првенствено е резултат на неговиот хемиски состав. Во однос на кокошкино јајце, јајцето од потполошка содржи пет пати повеќе фосфор, седум пати повеќе железо и десет пати повеќе различни витамини. Јајцето од јапонската потполошка е вистинска  мала енергетска бомба, а сепак едно јајце содржи само 15 калории!

1 јајце од потполошка = 5 кокошкини јајца

5 x фосфор

7 x железо

6 x витамин B1

13 x витамин B2

Протеини 13%

Калории 14

Како се користат јајцата од потполошки?

Јајцата од потполошки може да се чуваат до 60 дена во фрижидер, а по истекот на овој период може да се употребуваат само варени или пржени, односно термички обработени.

Во принцип секој може да ги конзумира онака како што најмногу му одговара.

Јајцата можат да се пијат живи (наутро на празен стомак), половина час пред појадок заради подобрување на варењето. Поради полесна конзумација може да се измешаат со шеќер или мед, или со малку шеќер и какао. Исто така може да се додадат во свежо цеден сок.

Јајцата се вистински деликатес испржени или изматени.

За резултатите и позитивните здравствени ефекти треба да се биде трпелив, бидејки потребна е континуирана употреба од 15 до 50 дена, а понекогаш и подолго.

Кој би требало да конзумира јајца од јапонски потполошки?

Јајцата од јапонски потполошки позитивно делуваат на крвта, крвотокот, срцето, бубрезите, мозокот, метаболизмот и воопшто на имунолошкиот систем на човекот. Сите оние кои имаат проблеми со овие органи или процеси во организмот, пожелно е да ги користат. Секој може да ги користи превентивно.

Сепак, според нутриционистите, користењето на овие јајца е најпожелно за:

Деца во развој

Личности со посебен режим на исхрана (диета)

Постари лица

Болни и реконвалесценти

Спортисти и физички работници

Според медицинско-нутриционистичките сознанија терапијата со јајца од потполошки не бара некои посебни подготовки. Во зависност од типот на здравствената потреба, консументот треба во одреден временски период да употреби од 120 до 360 јајца.

Медицинско-нутриционистичките стручњаци во зависност од природата на болеста препорачуваат :

За зголемен крвен притисок 120 јајца

Чир на желудец              120 јајца

Зајакнување на имунолошкиот систем               240 јајца

Разубавување на тенот               240 јајца

Регенерација на организмот     240 јајца

Јакнење на меморијата              240 јајца

Артериосклероза            240 јајца

Анемичност       240 јајца

Бронхитис и брохијална астма 240 јајца

Мигрена 240 јајца

Ментални растројства  240 јајца

Неуредно варење          240 јајца

Гастритис           240 јајца

Инфарктна состојба      240 јајца

Зголемен физички напор (работници, бодибилдери)   480 јајца

Во најголем број случаи, за постигнување позитивни ефекти потребна е употреба во времетраење од 50 дена. Возрасните земаат по 3 јајца првите три дена, а потоа по 5 јајца дневно.

На деца во зависност од возраста се дава помал број јајца:

деца до 3 години - 2 јајца дневно

деца од 3 до 5 години - 3 јајца дневно

деца од 5 до 10 години - 4 јајца дневно

деца над 10 години применуваат терапија иста како за возрасни.

Два месеца по употребата циклусот може да се повтори доколку е тоа потребно. Препорачливо е во текот на една година да се спроведат два циклуса на употреба со тоа што паузата меѓу првиот и вториот да не биде подолг од 6 месеци.

Комерцијален текст

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе